Во Полициската станица Струмица синоќа во 00:47 часот било пријавено дека во деловен објект во Струмица била пронајдена почината Л.П.(43) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата од обвинителката Виолета Милчовска од ОЈО Струмица, нема сомнежи за насилна смрт и траги на насилство, но заради целосно утврдување на причините за смртта телото на починатата е дадено на обдукција.

Увид извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.