Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус 8 до нула степени, а во текот на денот од минус 1 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурата ќе биде минус 1 степен, а дневната ќе се искачи до 8 Целзиусови степени.

За утре, од УХМР најавуваат дека утрото ќе биде студено со мала до умерена локална облачност, а преку денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.

Во Скопје, утре времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Темпертурата утре ќе биде од минус 11 до минус 2 степени наутро, а во текот на денот ќе се движи од нула до 12 Целзиусови степени.