Студентите кои аплицираа на повикот на МОН за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк и ги исполнија условите, по овој основ денеска на своите трансакциски сметки добија средства во износ од по 6.480 денари.
Станува збор за речиси 29.000 студенти, а средствата се однесуваат за половина од месец септември и за октомври и ноември.
Останатите студенти кои не го остварија правото на субвенциониран студентски оброк, имаат можност да поднесат приговор на електронската адреса subvencioniran.obrok@mon.gov.mk.
-Потсетуваме дека на повикот за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк кој траеше од 25 ноември до 3 декември, пристигнаа над 31 илјада апликации, велат од МОН.