Студијата, објавена во списанието Нејчр Медисин (Nature Medicine), ги спореди ризиците од миокардитис, перикардитис и срцева аритмија по првата и втората доза на Астра Зенека/Оксфорд, Фајзер/Бионтек и Модерна со оние кај заразени со ковид.

Студијата, предводена од научници од Универзитетот во Оксфорд, покажа зголемен ризик од миокардитис по првите дози на Астра Зенека и Фајзер и двете дози на Модерна, но ризикот беше многу поголем кај ковид-инфекции.

Заклучоците се донесени со проценка на стапката на хоспитализација или смртност во рок од 28 дена од вакцинацијата или позитивен ПЦР тест за лица над 16 години и вакцинирани меѓу 1 декември 2020 и 24 август 2021 година.

– Проценивме меѓу 1 и 10 дополнителни случаи на миокардитис на милион луѓе вакцинирани со првата или втората доза, но 40 дополнителни случаи на милион луѓе заразени со Ковид-19, рече Џулија Хиписли-Кокс, професорла и водач на студијата во Оксфорд.

Анализата поврзана со возраста, исто така, покажа дека поголем ризик од миокардитис поврзан со мРНА вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна е присутен само кај оние помлади од 40 години, велат истражувачите.

– Оваа опсервација (за проблеми со срцето) … не е нова информација. Тоа веќе го знаеме. Но, оваа солидна, научно цврста работа го поддржува и потврдува тоа, рече доктор Питер Инглиш, пензиониран консултант за контрола на заразни болести.