Субвенции за евтини авиолинии ќе има и следната година, потврди министерот за транспорт Бочварски. Во моментов договорот со Визер е замрзнат поради пандемијата, бидејќи беа редуцирани летовите и компанијата не можеше да го испочитува договореното. Поради тоа дел од субвенциите се искористени, дел не. Ако до крајот на годинава не се потрошат предвидените пари, средствата ќе се вратат во буџетот. Новиот повик за евтини авиолинии ќе биде објавен по март идната година.
Во моментов состојбата во авиосообраќајот е подобрена. Патници има главно поради летната сезона, но се уште е мал бројот на бизнис линии.
Од секторот се надеваат дека состојбата ќе продолжи да се подобрува и дека нема да има нови рестрикции кои повторно би го запреле патувањето.