Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на новорегистрирани и веќе регистрирани занаетчии за 2024 година.
Право на учество на јавниот повик имаат новорегистрираните занаетчии во тековната 2024 и веќе регистрирани занаетчии од традиционални занаети и тоа кондураџии, опинчари, производство на хартија, книговез, ваљајчари, бојаџии, кувенџии, резбари на дрво, резбари на бакар, филиграни, ткајачи и четкари. Повикот се однесува само на оние занаетчии што ги имаат подмирено обврските кон Општина Охрид (комунална такса – фирмарина) за претходните две години или од годината на регистрација, доколку занаетчијата е регистриран во текот на последните две години сметано од датата на поднесување на барањето.
Податоците ќе ги обезбеди Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат, започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии).
Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средства планирани за оваа активност во буџетот на општината ќе се распределат пропорционално со бројот на пријавените занаетчии со традиционални занаети кои ќе ги исполнуваат условите и критериумите од повикот.
Повеќе информации заинтересираните можат да добијат на општинската интернет-страница.