Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека во целост го одобрил обвинението против лекарот Жан Митрев и неговата клиника, а првото рочиште е закажано за 28 февруари овој месец. Тие се товарат за измама на пациентите за вкупен износ од 97.461.600 денари, за што е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

„Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинението против едно физичко лице и Приватна здравствена установа, а поврзано со соопштението на ОЈО Скопје издадено на 23. јануари, ценејќи ги сите приложени факти и аргументи на странките донесе решение со кое актот го одобри во целост. По одобрениот обвинител акт, оформен е кривично правен предмет со К.бр. 349/23 кој, согласно АКМИС системот, е распределен кај судија на понатамошно постапување и насрочен е термин за главна расправа на 28.02.2023 година во 09:30 за што ќе бидат испратени покани до странките“, се вели во соопштението на Основниот кривичен суд – Скопје.

Според обвинителниот акт, обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата и на тој начин е создадена заблуда кај пациентите кои се лекувале во болницата

Јавното обвинителство оформи предмет по епизодата „Нечиста крв“ ја објави ИРЛ, во која постојат индиции дека линиката „Жан Митрев“ вршела клиничка студија со методот на хемофилтрација без да пријави, и без соодвоетно да ги информира пациентите, а обработуваа и смртни случаи кои се јавиле по појава на неколку опасни бактериски инфекции.