Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи од Тузланскиот кантон, Босна и Херцеговина, денеска се огласи за настаните во Градачац, пред се за наводите на Општинскиот суд во тој град, поради што на Низама Хеќимовиќ, која беше брутално убиена, не ѝ биле изречени заштитни мерки против насилникот Нермин Сулејмановиќ.

Како што пишува босанскиот „Аваз.ба“, ако се прочита повнимателно соопштението, се доаѓа до еден запрепастувачки заклучок, а тоа е дека Општинскиот суд во Градачац ги прифатил сите побарани заштитни мерки, а само барањето на Низама било одбиено.

– Дека одлуката на судот е неоснована покажува фактот што ПУ Градачац во периодот од 01.01.2023 година до 31 јули 2023 година, постапувајќи по пристигнатите пријави за семејно насилство, до Општинскиот суд во Градачац поднело вкупно пет барања за изрекување на 16 заштитни мерки против девет лица, кои биле прифатени од Судот и сите предложени заштитни мерки се изречени – соопштиле од Полициската управа на МУП Т.К.

Исто така, како што се наведува, од анализата на наведените барања е утврдено дека врз основа на исто толку докази колку што имало против Сулејмановиќ, биле изречени сите заштитни мерки.

– Што значи дека заедно со барањата до Судот се доставени и службени белешки на полициски службеници и изјава на жртвата на насилство, без медицинска документација, изводи од криминални досиеја, сведоци или други докази, како доказ за постоење основи на сомнение дека извршено е дело на семејно насилство или закана за такви дела – изјавиле од Управата за полиција при МВР, Т.К.

Но, тоа не било доволно за судиите да ја заштитат Низама. Судијката Лејла Нумановиќ наместо да ја прифати грешката пријавила во полиција, а претседателката на судот Слободанка Којиќ тврдела дека нема докази.