Од Јавното обвинителство информираат и дека врховниот судија Наке Георгиев иницирал предлог за спогодба. Додаваат дека постапката е во тек, но најавуваат дека за него би се утврдила ефективна казна затвор, наспроти условната на Мемети.
Со оглед на фактот дека со дејствијата на Н. Г се исполнети законските битија на кривичното дело, по поднесената иницијатива за спогодување од Н.Г., во тек е постапка за склучување предлог спогодба со која би се утврдила ефективна казна затвор, а за исходот јавноста ќе биде навремено известена, велат од Обвинителството.