После долгите месеци криење од јавност и од медиумите, градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска со целата нејзина хистерија почна да се појавува во јавноста. Жителите на македонскиот главен град, но и целата македонска јавност, после неколку месечното усшешно криење, во последните неколку дена се сведоци на хистеричните испади и појавувања во јавност на скопската градоначалначка.
Прв нејзин хистеричен испад, беше во понеделникот кога непоканета се појави на прес конференција на, тогаш веќе разрешениот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, Златко Перински иако јавноста, но и новинарите многу добро знаат дека Арсовска ретко кога се појавува и комуницира со јавноста и медиумите.
При упадот на прес конференцијата на Перински, покрај тоа што хистерично се однесуваше, истакна дека постапката за пречитителната станица, за која го разреши и директорот Перински, требало да се води на потранспарентен начин и дека таа како градоначалничка не била запознаена со целата процедура.
Но, на денешната седница на Советот на Град Скопје која беше наменета за советнички прашања, Арсовска беше демантирана и од градските опозициони советници. Имено, кооринаторката на советничката група на коалицијата предводена од СДСМ, Љубица Јанчева ја праша Арсовска како постапката се одвивала на нетранспарентен начин и дека таа немала информации кога при упадот на прес конференцијата на Перински, во јавноста изнесе информации кои дел од постапката која што во оваа фаза е затворена за јавноста?
Нормално, како и другите советници, така и Јанчева немаше можност да добие одговор од градоначалничката Арсовска, која што си замина од седницата после нејзиниот хистеричен испад од говорницата на советот.
Денеска, на седницата на Советот на Град Скопје следеше уште една епизода некултурен, недоличен и хистеричен испад на Арсовска, после кој, логично се поставува прашањето, дали Арсовска треба да продолжи и може да ја извршува градоначалничката функција добиена од жителите на Скопје.
После хистеричните испади, во македонската јавност веќе неколку дена се отвара темата за можноста за отповикување на градоначалник, при што и правните експерти коментираат за таквата можност.
Имено, скопскиот адвокат и поранешен судија, Владимир Туфекџиќ смета дека последните испади и конфликт кој што градоначалничката, Данела Арсовска го има со неколку директори на јавни претпријатија, која таа ги именувала, кој заврши со нивни разрешувања или оставки, е доказ дека треба да постои законска можност за отповикување на градоначалник со референдум за доверба.
„Референдум за доверба на избран градоначалник е нужно и итно потребно решение. Самиот упад на туѓа прес конференција, говори дека во конкретниот случај некој имал огромен интерес и морало вегнаш да се реагира со разрешување. Начинот на кој сето ова денеска е направено, неубедливо врз јасни аргументи, без одговори на клучни прашања, отвора сомнеж за инволвираност и скриени мотиви на интересни групи и групации. Денеска не добивме одговор на прањето кои се луѓето со кои скопскиот градоначалник има конфликт и со која групација нема конфликт. Не добивме одговор на прашањето во што се состои самоволието и неуспешноста на луѓшето кои се нејзин избор како менаџер на градот. Не добивме одговор на прашањето, што подразбира скопскиот градоначлник во контекст на изборот на изведувачот на работите за 130 милиони евра, а што нема да се свалификува како самоволен и неуспешен“, напиша на својот фесбук профил адвокатот Туфегџиќ.
Професорот Борче Давитковски потсетува дека 20 година и самиот зборува за потребата да се има можност да се отповика градоначалник.
„Знаете ли што ќе биде? На пример, кога ќе се усвојува завршната сметка, нема да гласаат ниту советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, како во Тетово што беше, и таа ќе придонесе по сила на Закон да се распушти Советот на Град Скопје, да има нови избори, а таа ќе си ужива. Е, тоа е за жал.
Има 20 години како зборувам, еве точно во 2002 се донесе Законот за локална самоуправа, дека нема логика да можете да разрешите претседател на државата, а некој градоначаник на Кукуречани, Новаци или било која општина, да не можете да го разрешите– вели професор Давитковски.