Случајот „Пулс” распределен кај судијката Груевска -Илиевска

Кривичниот суд денеска соопшти дека случајот со пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани ќе го води судијката Диана Груевска-Илиевска, иако првично беше најавено дека распределбата ќе се објави следната недела.

Долгогодишна судиска кариера

Од судот информираат дека според АКМИС-системот предметот е доделен на Груевска-Илиевска од Одделот за кривично полнолетни. Таа има 19 години судиски стаж во различни оддели на Кривичниот суд и претходни 17 години искуство како стручен соработник.

Искусна со звучни предмети

Судијката во минатото го судеше и случајот „Поткуп”, во кој беше обвинет поранешниот премиер Зоран Заев, како и процесот за сообраќајната несреќа „Ласкарци”. Таа уште пред десет години изјави дека судиите не се соочуваат со политички или бизнис притисоци, туку единствено со притисок од новинарите, кои, според неа, не им дозволуваат мирно да ја извршуваат својата работа.