Во моментот кога Бојан Јовановски започна да говори за односот кој го имал со поранешниот премиер судијката Софче Ефремова Гаврилова се вознемири и му се закани дека ќе биде отстранет од судница.
Таа напомена дека ова не е давање одбрана и дека треба да се држи до она што веќе е изведено како докази.
На тоа Јовановски рече дека како доказ од страна на Обвинитслството е изведен скриншотот од комуникацијата со Заев каде Боки му кажува дека е потпишан договор со ГП „Пелистер“ и оти за тоа е информиран неговиот братучед Трајче Заев. Боки и Заев во комуникацијата си ветуваат дека ќе се видат наскоро.
-Од средбата со Заев постои фотографија и записник. Поранешниот премиер го поддржа акцискиот план како и од владата на СДСМ. Јас сум злоупотребен од Заев, а не дека јас него сум го злоупотребил – вели Боки.