Состојбата на повредените

Утринава кај штипската населба Три чешми се случи сообраќајна несреќа во која се повредени пет лица. Од Клиничка болница Штип информираат дека никој од нив нема животозагрозувачки повреди, при што две лица се згрижени на Одделението за ортопедија, а три на Хирургија.

Во тек се испитувањата и снимањата на пациентите, а несреќата се случила по 7 часот наутро при судир меѓу камион и автомобил.