Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската телевизија СВТ на својата веб-страница.
– Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се случи. На данскиот брод имаше најмалку две лица, изјави портпаролот на Шведската поморска управа Јонас Францен.
Во тек е голема спасувачка операција, јави СВТ.
Едниот брод бил долг 90 метри, а другиот 55 метри.