Пред зградата на Централната изборна комисија во Букурешт избувнаа судири меѓу полицијата и поддржувачите на Џорџеску, откако му беше забрането да се кандидира на претстојните избори.
Комисијата треба доцна вечерва да ја соопшти официјалната причина за одлуката, но реакциите веќе предизвикаа политички тензии и протести во главниот град на Романија.
Џорџеску: „Ова е крај на демократијата!“
Политичарот ја осуди одлуката, тврдејќи дека таа има сериозни последици врз демократијата, не само во Романија, туку и на глобално ниво.
„Директен удар во срцето на демократијата во светот! Ако падне демократијата во Романија, ќе падне целиот демократски свет! Европа сега е диктатура, Романија е под тиранија!“ – напиша Џорџеску на Икс.
Според него, оваа одлука е политички мотивирана и претставува обид да се замолчи опозицијата.
Правна битка по забраната за кандидатура на Џорџеску
Одлуката на Централната изборна комисија може да биде обжалена до Уставниот суд во рок од 24 часа, а највисокото судско тело има 48 часа да донесе конечна пресуда.
Џорџеску победи во првиот круг од претседателските избори во ноември, но неговата победа подоцна беше поништена од Уставниот суд.
Пред неколку дена, Џорџеску беше уапсен и однесен на сослушување во врска со наводни нерегуларности при финансирањето на неговата кампања минатата година.
Според властите, изборите од ноември беа поништени поради сомневања за руско влијание, а истрагата против него сè уште е во тек.
Политичка криза во Романија со нови протести и судири
Одлуката за забраната за кандидатура на Џорџеску предизвика нова политичка криза во Романија, со протести и судири во главниот град.
Политичката криза во Романија продолжува, додека приврзаниците на Џорџеску бараат правда на улиците!