Судирите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично се јавил на лидерите на Тајланд и Камбоџа, со цел да изврши дипломатски притисок за итен прекин на огнот по неколкудневните жестоки гранични судири меѓу двете земји.

Двете земји се согласија да се сретнат и да работат на постигнување прекин на огнот и мир“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа, алудирајќи на неговата улога како посредник.

Иако двете држави изразиле благодарност за ангажманот на Трамп, а Камбоџа официјално го прифатила предлогот, гранатирањето на границата продолжило ноќеска. Тајланд, пак, изразил став дека се потребни директни разговори меѓу двете земји.

Камбоџа претходно предложи прекин на огнот, но поради послабата војска и загубата на воена опрема под тајландски воздушни удари, нејзините позиции се влошуваат.

33 загинати, илјадници раселени

Од почетокот на судирите во четвртокот, загинале најмалку 33 лица, меѓу кои има и цивили и војници. Илјадници жители од двете страни на границата се принудени да ги напуштат домовите.

Спорот меѓу Камбоџа и Тајланд за делови од граничната линија трае повеќе од еден век, а повремено прераснува во вооружени конфликти. Двете држави постојано се обвинуваат за започнување на престрелките, а судирите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат

Иако се јави како меѓународен медијатор, не е јасно како Трамп се вклучил во процесот. Tајландскиот министер за надворешни работи, Марис Сангијампонгса, веќе изјави дека нема потреба од посредување на трета страна.