Анестезиологот Валтон Дервиши, кој снимаше пациентки во тетовската болница и ги објавуваше на социјалната мрежа ТикТок, по судската одлука наскоро ќе може да се врати на работа. Судовите го поништија решението за негово отстранување од работа, отварајќи можност за негово враќање во институцијата.

Пред три години тој беше приведен и осуден за неовластено снимање на пациенти и медицински персонал во одделението за гинекологија.

Дервиши беше осуден на 15 месеци затвор, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа на седум години. Подоцна затворската казна беше преиначена на три месеци затвор, а судовите констатирале и дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца.

Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата како што одлучи претходно.

На првото судење Дервиши призна вина за кривичните дела „несовесно работење во службата“ и „неовластено снимање“. Подоцна во судовите во Тетово и во Гостивар дел од делата беа преквалификувани, а со тоа се избегнаа законските пречки за повторно вработување и враќање на лиценцата.