Холивудскиот актер после шест години, ја докажа вистината. Тој нагласи колку му значи донесената пресуда.
По донесувањето на пресудата на судскиот процес помеѓу двајцата поранешни сопружници, актерот Џони Деп се огласи на Инстаграм, нагласувајќи колку му значи што мнозинството е донесено во негова корист.
Пресудата беше донесена во средата попладне во судница во Ферфакс, Вирџинија. Поротата заклучи дека Амбер Херд (36) мора да му плати на Џони Деп (58) 15 милиони долари отштета за клевета.
Заклучено е дека написот на Херд од 2018 година е напишан со зла намера и дека се работи за клевета, а не за вистински тврдења.
-Пред шест години, мојот живот, животите на моите деца, животите на моите најблиски, а исто така и животите на луѓето кои ме поддржуваа многу, многу години и веруваа во мене, засекогаш се променија. Сè се случи во еден миг. Неточни, многу сериозни обвинувањата против мене беа напишани во медиумите кои предизвикаа бескрајна лавина омраза, иако против мене никогаш не беа покренати обвиненија… Шест години подоцна, поротата ми го врати животот. Јас сум навистина горд, напиша Деп на својот профил на Инстаграм.
-Од самиот почеток, целта на доносувањето на оваа пресуда беше да се открие вистината, без разлика на исходот. Вистината беше нешто што им ја должев на своите деца и на сите оние кои останаа непоколебливи во поддршката што ми ја пружаа. Мирен сум бидејќи знаам дека конечно тоа го постигнав“, додаде тој. Поради пресудата може да продолжи и тоа најмногу му значи, наведе холивудскиот актер. „Најдоброто допрва доаѓа и конечно започна ново поглавје, заклучи Деп.
View this post on Instagram
Амбер Херд ќе треба да му плати казна од 15 милиони долари на Џони Деп, а тој ќе треба да ѝ плати 2 милиони долари.