Судија на претходна постапка од Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител и на сопственикот на интернет страната „Доказ“ му определи осумдневен притвор.
Сопственикот на овој контроверзен сајт е осомничен за повеќе кривични дела како уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал и злоупотреба на личните податоци.
Обвинителството го побара притворот заради проценка дека постои опасност тој да избега од земјава, но и заради заштита од влијание врз сведоците, односно негови жртви.
Синоќа во домот на сопственикот на „Доказ” бил извршен претрес, како и пребарување на компјутерскиот систем и компјутерските податоци..