Според дел од медиумите, притвореното лице е осомничено за настанот од 6 март годинава, кога пет вооружени лица, маскирани со фантомки влегоа во „Шиша бар“ и убија две лица.
Од Јавното Обвинителство велат дека поради компромитација на истрагата не се во можност да споделуваат никакви детали.
– Со оглед на тоа што во предметот во кој е определен краткотраен притвор за едно лице постои сериозна можност за компромитација на истрагата во оваа фаза, во интерес на тајноста на постапката не сме во можност да спод елуваме никакви детали, велат од ЈО за МИА.