Стотина вработени во судската администрација и членови на Независните синдикати на државна администрација и на судска служба протестираа пред Владата и пред Министерство за правда поради ниските плати и неисплаќањето на додатоците за работа. Преставниците на вработените побараа 35% додаток на плата и изразија револт од односот на Министерството за правда кон нивните барања.
Во минатите пет години немало покачување на платите во службата, а судиите добија неколку пати покачување со што се направи голем јаз во разликата на платите. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени за нас покачувања иако протестираме од март наваму – велат претставници на Независниот синдикат на судската администрација и Здружението на судска администрација.
Од Независниот синдикат на државната администрација на денешниот протест уште еднаш укажаа на неопходните реформи во судската власт и независен судски буџет.