Членовите го дале својот глас по предлогот за престанок на функцијата судија. Владимир Туфегџиќ претходно го најави своето заминување и побара од судскиот совет да го ослободи од функцијата судија за да може да се занимава со адвокатура.
Тој кажа дека одлуката ја донел внимавајќи, пред сè, на започнатите предмети и обврските преземени со годишниот распоред на судии за 2021 година иако повеќе од 15 предмети стојат отворени во различни фази од постапката во Кривичниот суд во Скопје.