Претседателот и воедно член на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески утрово на својот Фејсбук профил соопшти дека поднесе оставка од неговата функција, како последица на лошите резултати на локалните избори.

-Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ, напиша Сугарески.

-Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки, додава Сугарески.

Тој вели дека секогаш ќе остане социјалдемократ, како и дека ќе остане верен на партијата.