Понеелникот беше неговиот последен работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме беше донесена одлука тој да се кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори есенва.

– Почитувани колеги, искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската унија. Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период, напиша Сугарески.