Социјалистичката партија на Македонија остро реагира на изјавите на “македонскиот” министер за надворешни работи и на неговото непознавање на Уставот на Република Македонија и Деловникот на Собранието на Република Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија воопшто не е засегната од работата на неуставната и вонзаконската работна група за уставните измени и од соддржината и формулацијата на амандманите.

Меѓутоа, укажува дека Бујар Османи најавува процес со кој тие би се ставиле на јавна и наводна суштинска дебата.
Сето тоа е надвор од Уставот и собранискиот Деловник и претставува нивно грубо кршење и непочитување од актуелната Влада.
Социјалистичката партија на Македонија особено остро реагира на најавата на Османи за одделни разговори со секој пратеник, што всушност претставува суптилна закана кон пратениците и најава за спроведување на сценарио кое е веќе видено во 2018 година.

Секој разговор надвор од собраниските тела, без претходно донесена двотретинска одлука за потребата од отварање на Уставот и отпочнување со дебата во матичната Уставна комисија во Собранието е грубо кршење на законот и претставува притисок и обид за влијание врз пратениците.

Оттаму, Социјалистичката партија на Македонија го прозива Јавното обвинителство задолжително да превземе мерки за испитување на веродостојноста на изјавата и нејзино понатамошно процесуирање.

Со оглед на изразената недоверба во персоналниот и колективниот капацитет на Владата и од нејзе покажаниот несериозен однос кон опозицијата Социјалистичката партија на Македонија искажува негативен став и исклучува било каква можност за разговор на било која тема со било кој претставник на власта, сметајќи го за бесцелен и непотребен.

Социјалистичката партија на Македонија и укажува на Владата на обврската за почитувањена Уставот и собранискиот Деловник и во најскоро време да излезе во Собранието на Република Македонија со предлог од потребата за отварање на Уставот за што е потребно двотретинско изјаснување.