Со свечена Светосавска академија во просториите на Македонскиот народен театар, српската заедница во земјава вечер по 15-ти пат ќе го одбележи националниот празник на Србите 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

На свечената академија ќе се обратат високи официјални претставници од земјава и од Србија, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ