На лидерите на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка им се служат разни кинески специјалитети, вклучувајќи јастог, риба, стек и традиционални кантонски деликатеси. Гала вечерата ја организира кинескиот претседател Си Џинпинг, пренесуваат странските медиуми.
Според објавеното мени, вечерата на која главни гости се Доналд Трамп и Владимир Путин започнува со ладно предјадење наречено „Град на големиот змеј“. Потоа следи супа од риба со кинески маслинки и пржен јастог подготвен со ѓумбир и млад кромид.
Главните јадења вклучуваат риба подготвена на пареа со соја сос, стек со печурки, како и смрчки, високо ценета и ретка дива јадлива печурка, придружени со млада зелка и костени во специјален сос од шафран.
За време на вечерата, на високите гости им се служи и избор од три вида традиционален кантонски дим сам, што претставува традиционално кинеско јадење во форма на мали порции послужени во бамбусови корпи или на мали чинии.
Десертот вклучува супа од црвен грав со кора од мандарина и семки од лотос, разни колачи, свежо овошје и сладолед, по што свечената вечера завршува со служење кафе и чај.
Сите јадења се придружени со селектирани вина од кинеските региони, меѓу кои се Каберне Совињон од 2019 година од регионот Нингсија, бело вино од реколтата во 2020 година и ледено вино од личи од покраината Гуангдонг.
