Во тепачка на сплавот „Картел“ во Белград, повреден е С.М. (18), а според сведокот, после тоа обезбедувањето им наредило на луѓето да излезат надвор.
Потоа, наводно, мостот се скршил и сплавот потонал. За случајот е информирано и надлежното обвинителство.
Во спасувањето на луѓето учествуваа полицајци, припадници на жандармеријата, речна полиција и лекари од итната помош.
Неофицијално, на сплавот имало околу 400 луѓе.
– Полицијата дојде за само неколку минути. Влегоа во водата и ги извлекоа луѓето. Видов полицаец кој и помогна на девојка која се давеше. Без размислување, тој скокна во водата, ја спаси и ја однесе кај докторот од итната медицинска помош. Водата беше студена, а луѓето преплашени и испаничени – изјави за „Телеграф.рс“ еден од сведоците.
Акцијата за спасување луѓе заврши околу три часот утринава.