Пред помалку од една година, односно на 23 ноември 2021 година, македонски автобус излета од пат во Бугарија и се запали при што 45 лица го загубија животот на автопатот Струма.
Истрагата се води во Бугарија и Македонија, а „bTV“ од Бугарија се сретна со дел од преживеаните и роднините на загинатите.
Возач на автобусот бил 61-годишниот Љупчо, а Лидија имаше потресна исповед.
– Не можам да се помирам. Ми се појавува пред очи како е зад возачко седиште, нема каде да се движи и гори жив, вели Лидија.
Ебиб е еден од патниците кои се спасија во трагедијата, но не и неговата сопруга и дете.
– Моето дете седеше покрај прозореоцот и ме рече да седнам до прозорецот, а тој сакаше да седи во средина. Слушаше музика на телефон. Кога удривме, имаше чад, вратите не се отвораа. Не знам колку минути останав без здив. Потоа скрши некој прозорец, успеав да скокнам и да земам воздух. Се вратив внатре и го барав син ми. Ја ставив раката низ прозорецот, го фатив син ми за коса, но не успеав за рака. Не можев ништо да направам, не можев да дишам, се борев за живо, вели таткото.