Очевидците на несреќата сведочат за страшната несреќа непосредно по македонската граница, а еден од нив бил и Македонец, кој утрото се враќал дома. Тој изјави дека на местото на несреќата пристигнал набргу откако се случила несреќата.
„Беше страшно, се уште сум во шок. Едно возило беше среде патот, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот. Патниците не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош. Беа покрај патот“, изјави тој за Телеграф.рс.
На местото на настанот пристигнала брза помош која им укажала лекарска помош на повредените лица.
„Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестени“, изјавиле очевидци на Рина.
Друга жена раскажа дека во автобусот од Ниш биле нејзините родители.
„Ми се јави мајка ми, рече дека ја однеле во болница и чекале снимање. Ми кажа дека е премногу страшно, скоро два часа им помагала на луѓето, додека татко ми излегол низ прозорецот од автобусот. Фала му на Бога што преживеаја и се живи. Очекуваме дополнителни информации по снимањето“, изјави таа за порталот Нова.
Во акцијата за спасување учествуваа 18 пожарникари со шест возила. Повредените се здобиле со различни повреди, а на лице место им била укажана итна медицинска помош, по што се префрлени во болница, јавува Катеимерин. Истрагата за причините за несреќата е во тек, соопшти сообраќајната полиција.