Во каква состојба е македонското здравство и оти луѓето се оставени буквално да умираат раскажа и гледач во емисијата „Јади бурек“. Гледач ја раскажа ништо поминал со неговата сопруга и како таа починала.
Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе-рече сопругот.
Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома.
Во домашни услови и се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.
Но за жал, кратко потоа таа починала а притоа и бил украден златниот накит и мобилниот телефон.
Водителот Јанко Илковски на Фејсбук кој истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.
-Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и објавам да биде сведоштво што преживувал народов.Не можам да споделам како се чувствував , најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува Јанко.