Големо снежно невреме ќе ги зафати САД во следните 24 часа, па температурите на места ќе бидат и до 30 степени под просекот, предупредија денеска метеоролозите.

Постои ризик од обилен снег, дожд и силно невреме, од сојузната држава Тенеси до Охајо, во периодот од денеска до среда, соопшти Националната метеоролошка служба (НМС).

„Некои градови ќе бидат во поларна арктичка клима во следните 48 часа”.

Во твитот се наведува дека „комбинацијата од снег и леден дожд може да дојде во два брана во одредени региони”, како и дека снежната бура може да предизвика и до 2,5 сантиметри снег на час.

– Температурите ќе бидат од 20 до 30 степени под просекот во северноамериканските држави, посочува НМС.