Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Јапонија, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

 


Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот го погодил источниот брег на јапонскиот остров Хоншу.

Земјотресот бил на длабочина од 32 километри.

Нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Земјотресот, кој беше почувствуван и во Токио, се случи еден ден по силниот земјотрес во Тајван, во кој загинаа девет лица, над 1 000 беа повредени, а беше направена голема материјална штета