Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст, соопшти вчера Бакингемската палата.
Кралицата Елизабета е родена на 21 април 1926 година во Лондон и беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот.
По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон.
Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет.
Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми.
По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата.
Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.
Британската нација денеска официјално влегува во период на жалост, која ќе трае до ден по погребот на кралицата. Ожалостените ширум светот и оддаваат почит на кралицата со положување цвеќе и оставање пораки во амбасадите и катедралите.
Што се ќе смени Британија по смртта на кралицата?
Од ново лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе претрпи одредени промени по смртта на кралицата Елизабета Втора и стапувањето на тронот на нејзиниот син Чарлс Трети.
Зборовите на британската национална химна, која потекнува од 18 век, ќе се сменат од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“.
Според веб-страницата на кралското семејство, химната била напишана во екот на патриотскиот занес по победата на принцот Чарлс Едвард Стјуарт над војската на кралот Џорџ Втори во септември 1745 година во Шкотска.
„Боже чувај го кралот“ била патриотска песна за првпат јавно изведена во Лондон во 1745 година, а станала позната како Национална химна на почетокот на деветнаесеттиот век.
Вообичаено се пее само првата строфа која сега ќе гласи: „Боже чувај го нашиот милостив крал! Да живее нашиот благороден крал! Боже чувај го кралот! Дарувај го со победа, среќа и слава, долго нека владее над нас, Боже чувај го кралот!“.
На новите монети и банкноти ќе биде ликот на кралот. Старите монети и банкноти ќе останат во оптек додека со време не бидат заменети.
Кога монархијата била обновена во 1660 година по десетгодишната република на Оливер Кромвел, станало вообичаено монархот да го врти лицето во спротивна насока од неговиот претходник.
Кралицата Елизабета гледала десно, па Чарлс Трети ќе гледа лево. За време на долгото владеење на Елизабета, на монетите се користени пет нејзини различни портрети.
Ќе се менуваат и поштенските марки, така што на нив ќе биде прикажан портретот на новиот крал.
Промени ќе претрпи и кралската „шифра“, монограмот што го користи монархот и кој моментално се состои од печат на кој пишува „EIIR“ под круната на Свети Едвард.
Овој монограм може да се најде низ Британија и се појавува на сè, од црвени поштенски сандачиња до полициски униформи. Според традицијата, со новиот крал се менуваат и монограмот и кралскиот грб.
Сепак, ова наиде на голем проблем во Британија, па така монограмите ќе се појавуваат само на новите поштенски сандачиња, така што тие на кралицата ќе останат илјадници ширум земјата, исто како што останаа многу од претходните монарси кои беа поставени пред нејзиното крунисување.
Ќе се сменат и титулите. Угледни пратеници ќе станат членови на Советот на кралот наместо на Советот на кралицата, а титулите што користат „на кралицата“ ќе се променат во „на кралот“.