– Ги суспендиравме исплатите за нашите проекти во Авганистан и внимателно ја следиме и оценуваме ситуацијата во согласност со нашите внатрешни политики и процедури. Паралелно и понатаму ќе се консултираме со меѓународната заедница и партнерите, изјави вчера портпаролката на Светска банка.

Таа додаде дека СБ е загрижена за ситуацијата во Авганистан и влијанието на развојните проекти во земјата, посебно тие наменети за жените.

– Заедно со партнерите ги истражуваме можностите за понатамошен ангажман за да се зачуваат тешко стекнатите резултати и продолжува поддршката за напродт на Авганистам, истакна портпаролката на СБ.

СБ е важен финансиер на развојни проекти во Авганистан, која од 2002 година до денес дала пет милијарди американски долари помош. Во февруари имаше 12 активни проекти со вкупна вредност од околу 940 милиони долари, на кои треба да се додадат проектите што се реализираа во соработка со Фондот за реконструкција на Авганистан.

Минатата недела Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека ја прекинува соработката со Авганистан.