Стотици илјади луѓе во Тиграј се соочуваат со глад, во услови на најтешка хуманитарна криза во светот во изминатата деценија.
– Околу 170 камиони со храна и други резерви се заглавени во соседниот регион Афар, и тие мора да можат веднаш да поминат до Тиграј, објави Бизли на Твитер.
Тој додаде дека сто камиони со таков товар се потребни за еден ден во Тиграј.
– Луѓето гладуваат, наведе Бизли.
Се поголем е меѓународниот притисок врз етиопската Влада да дозволи достава на многу потребна храна и други материјали до Тиграј. Помош нема стигнато до некои заедници од ное4мври минатата година, кога почна граѓанската војна помеѓу етиопската армија и силите на Тиграј.