Денеска се прославува светскиот ден на наставниците. Секоја година на петти октомври светот им оддава почит првенствено за тоа што донеле одлука да се занимаваат со најблагородната меѓу сите дејности, но воедно и да им помагаат на индивидуите во развојот и во остварувањето на личниот интелектуален потенцијал. Така придонесуваат светот нормално да функционира, да напредува и да се модернизира.

ВМРО-ДПМНЕ исполнува ветувања – наставниците за првпат ќе добијат К-15

Наставниците се најважната алка во едукацијата на децата, а истото е вреднувано од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа година во владата под раководство на Христијан Мицкоски наставниците за првпат ќе добијат годишен регрес, познат како К-15.

Наставниците за првпат ќе добијат К-15

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува предизборните ветувања. На првиот училишен ден оваа училишна година, Мицкоски се сети и на наставниците, па најави дека околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември.

Со ребалансот се обезбедија пари

Мицкоски рече дека до почетокот на декември сите наставници ќе можат да го добијат годишниот регрес.

„Со ребалансот на буџетот обезбедени се околу една милијарда денари за исплата на К-15, што е законска обврска за сите работодавачи и оваа законска обврска како најголем работодавач, државата има за цел да ја исполни кон крајот на ноември, почетокот на декември.

Така ќе овозможиме повеќе наши граѓани, кои во меѓувреме се вработиле, да имаат можност да земат К-15. Тоа значи, една милијарда динари предвидени во буџетскиот биланс, околу 84 илјади вработени ќе можат да добијат К-15“, изјави премиерот.

Денешниот ден 5 Октомври секому го потсеќа на добрите професори од детството. Коректно е кога нивниот труд соодветно е вреднуван и награден.