Шпанската полиција пресретна товарен брод со рекордни 30 тони кокаин во близина на бреговите на Африка. Како што пренесува ДПА, повикувајќи се на соопштенија од судските власти, ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот.
Операцијата за заплена е плод на широка меѓународна соработка. Акцијата била спроведена во координација со американските власти и холандската полиција.
Судските власти на шпанските Канарски Острови соопштија дека вредноста на запленетата дрога изнесува над 812 милиони евра. Поради сериозноста на случајот, судија на Канарските Острови веќе им одреди мерка притвор на сите 23 членови на екипажот на бродот.
Истрагата продолжува со цел да се откријат крајните дестинации на оваа рекордна пратка.
