– Годишниот состанок на светските бизнис и политички лидери на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во Давос, Швајцарија, е откажан следниот месец поради зголемување на заразените случаи со сојот Омикрон. Делегатите се информирани денеска од страна на организаторите, напиша Клајнман на Твитер.

Самитот на високо ниво, кој вообичаено ги собира водечките фигури од бизнисот, политиката и дипломатијата, наместо тоа ќе се одржи „на почетокот на летото“, велат организаторите.

Минатогодишната средба, исто така, беше откажана поради пандемијата на Ковид-19.