Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од вкупниот број на прекршоци, 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 79 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените сообраќајни контроли и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.