-Денеска, во периодот од 7:00 до 10:00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 17 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.