СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Т.(43) и против правно лице – угостителски објект од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот, како сопственик и управител на угостителскиот објект, во секојдневното работење во угостителскиот објект водел двојна евиденција за дневниот промет од угостителски услуги, каде во компјутерот ангажираните работници издавале околу 20% фискални сметки од дневниот промет, додека за останатите 80% издавале обични талони, на кои било само наведено што е издадено.