Со оглед на скијачката сезона сега се очекува значително зголемување на динамиката на возила и луѓе особено за деновите од викендите.
– За да се избегнат поголеми сообраќајни мешаници и други несакани безбедносни проблеми, Секторот за внатрешни работи – Тетово апелира до сопствениците на моторни возила целосно да го почитуваат утврдениот режим за паркирање и наредбите на полициските службеници. Возачите уште еднаш се потсетуваат на законската обврска задолжително да поседуваат зимска опрема, а сопствениците на моторни санки, пак, им се укажува да се воздржат од возење по скијачките патеки, зашто движејќи се по патеките можат да ја доведат во прашање сопствената и безбедноста на скијачите и на другите присутни покрај патеките, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Воедно се апелира до возачите да ги заклучуваат возилата и на седиштата да не оставаат вредни предмети.