Голем дел од парите што се бараат од партнерите на СЗО се потребни за купување тестови, кислород и маски за лице за посиромашните земји, според документот, кој се очекува да биде објавен оваа недела.
Како што е соопштено, извештајот, кој се уште може да се промени, ги прикажува резултатите и финансиските потреби на програмата ACT за поддршка на вакцините, третманот и дијагнозата на Ковид-19 ширум светот. Програмата, која беше воспоставена на почетокот на пандемијата, се уште е недоволно финансирана, а нејзините координатори стравуваат дека ќе остане таква, изјави за Ројтерс неименуван претставник на ACT.
Како резултат на тоа, СЗО намалиречиси пет милијарди американски долари од своите вкупно дополнителни барања за финансирање, покажува документот, додека сепак и натаму се потребни 16,8 милијарди долари, речиси онолку колку што беа собрани досега, и итно се потребни 7,7 милијарди долари.
Документот, исто така, бара дополнителни 3,8 милијарди долари, освен тие 7,7 милијарди долари, така што следната година ќе може да се испорачаат 760 милиони дози вакцини против Ковид-19.