Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер.
Според СЗО, постарите луѓе се изложени на висок ризик, како и помладите луѓе кои имаат други значајни фактори на ризик. За нив, организацијата препорачува дополнителна доза шест или 12 месеци по последната доза.
СЗО ги идентификуваше здравите деца и млади луѓе како групаод „низок приоритет“ и ги повика земјите да разгледаат фактори како што е оптоварувањето со болести пред да препорачаат вакцинација за луѓето од оваа категорија. Според организацијата, рутински не се препорачуваат дополнителни дози за засилување по почетната серија од две дози и бустер за луѓе со „умерен ризик“.