Светската здравствена организација денеска соопшти дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна состојба, речиси две до две и пол години откако првпат беше прогласена.

Комитетот за вонредни состојби, составен од независни експерти, во соопштение потенцира дека зголемениот број случаи, постојаната еволуција на вирусот и притисокот врз здравствените услуги во голем број земји значат дека состојбата се уште е вонредна.

„Бројот на случаи пријавени во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи“, се вели во соопштението на одборот.

– Ковид-19 е далеку од завршен. Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.

Поради Ковид-19, на 30 јануари 2020 година, Светската здравствена организација првпат прогласи највисоко ниво на предупредување, познато како јавна здравствена вонредна состојба од меѓународен интерес.

Таквата одлука може да помогне да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста.