Според генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, неизбежно е да се појави следната голема пандемија.
Неизбежно ќе се појави нова пандемија во иднина и меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана. Не е прашање дали ќе се случи, туку кога, и не можеме да си дозволиме да ги повториме грешките од минатото. е причината зошто земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор за пандемија и измени на Меѓународните здравствени регулативи за зајакнување на правната рамка за глобален одговор на пандемии, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на крајот на октомври.