Иако новиот сој на коронавирусот резултира со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, според генералниот директор на организацијата Тедрос Гебрејесус.

Тој смета дека ширењето на омикрон не може да се запре само со вакцинација, туку дека е потребно почитување на превентивните мерки, одржување на лична хигиена, носење маски и проветрување на просториите..

Досега пријавени се случаи на омикрон во 77 држави. А за брзото ширење на новиот сој сведочи фактот дека во последните 11 недели има 100 илјади смртни случаи – најмногу за толку краток временски период.