Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека до Организацијата се пријавени повеќе од илјада случаи мајмунски сипаници вон африканските држави.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот од мајмунски сипаници во неендемичните области е реален, но и оти може да се спречи.
Дваесет и девет земји досега имаат пријавено случаи на мајмунски сипаници, од почетокот на епидемијата во мај годинава.