СЗО нагласува дека моментно оваа варијанта на вирусот предизвикува најсериозна загриженост, пред се затоа што индиската мутација е поопасна, позаразна и може да зарази дури и луѓе со јак имунитет.
Клуге упати совет до Европејците да не ги занемаруваат здравствените мерки. Тој изрази надеж дека искуството во борбата против Ковид-19 ќе помогне да се избегнат голем број грешки направени на почетокот на пандемијата, што ќе овозможи да се спасат човечки животи.